27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитола ќе добие парно греење

Битола ќе добие парно греење

bitobito

Централен топлински систем ќе добие третиот најголем град во Македонија, Битола, за четири години, а за таа намена ќе биде искористена отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола.

За изградба на топлинскиот систем во Битола, Новаци и Могила потребни се 46,5 милиони евра, со потпишување на меѓувладиниот договор со Германија и финансискиот договор со KFW, се обезбедени 39 милиони евра. Останатите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

„Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори. Еве сега таа идеја со овие договори станува реализација“, рече по потпишувањето на договорот министерот за финансии Зоран Ставрески.

Освен домаќинствата за Битола предвидено е во мрежата да се приклучат и 35 јавни објекти од општината.

„Најголемата придобивка е елиминирањето на повеќе извори на загадување на животната средина. Значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во јавните објекти и во домаќинствата. Со тоа ќе се намали и загадувањето на општината“, појасни Ставрески.

Средствата се добиени со фиксна стапка која денеска се фиксира на само 1,5%. Тоа е најниска каматна стапка која што било кога била одобрена за инфраструктурен проект во Македонија и претстува заштеда од над 3 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години со 4 години грејс период.

„Голема чест е за мене што денеска сум дел од оваа церемонија за потпишување на договор за првиот систем за централно греење во вториот по големина град во Македонија, Битола. Овој проект е маркер на нашата плодна соработка со македонската Влада, а поради многу добрата соработка со нашите партнери од ЕЛЕМ и со голема поддршка од Министерството за финансии денеска го потпишавме меѓувладиниот договор како и договор за финансии кој достигнува 39 милини евра за реализација на овој многу важен проект за Битола“, појасни заменик амбасадорот на Германија Ханс Халге Сендер.

„ЕЛЕМ ќе го спроведе овој проект во период од четири години. KFW ќе ја исплати сумата од 39 милиони евра директно на компанијата изведувач, која што ќе биде избрана преку меѓународен тендер. Парите ќе бидат исплатени на рати и ќе бидат рефундирани на компанијата изведувач за трошоците кои што ги направиле и тоа ретроактивно. Пари воопшто нема да се исплаќаат однапред, а проектот ќе биде под надзор на меѓународен технички консултант“, појасни Сендер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП