29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на температурите малку ја поттикна цената на нафтата

Падот на температурите малку ја поттикна цената на нафтата

nafta-cena-naftata

Цената на нафтата се стабилизираше во вторникот откако пониските температури во САД и Европа ги зголемија изгледите за раст на побарувачката, но добивките би можело да ја поттикне загриженоста поради рекордното производство кое од средината на 2014 година ја спушти цената за две третини.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза порасна за 20 центи на 36,82 долари, додека на американската берза беше во плус 21 цент и изнесуваше 37,02 долари. Цената на двата пазари и натаму е за две третини пониска во споредба со јуни 2014 година.

Трговците денешното зголемување на цените го припишуваат на постуденото време во Европа и Северна Америка откако почетокот на зимата беше невообичаено топол.

Иако зимската побарувачка би можела да им пружи краткорочна поддршка на цените… се уште е присутна загриженоста дека вкупниот раст на потрошувачката би можел да го неутрализира глобалното производство, кои и натаму се движи близу рекордното ниво.

„Состојбата со побарувачката не дава поддршка за раст на цените на нафтата“, порачуваат аналитичарите од CME Group.

Нафтените аналитичари од JBC Energy истакнуваат, пак, дека растот на побарувачката за нафтени производи во Европа во октомври беше за 170.000 барели дневно (БДП) помал во однос на истиот период минатата година, по прв пат за 10 месеци, како и дека растот на побарувачката за дизел и бензин исто така забавува во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП