17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнижарница продава само една книга

Книжарница продава само една книга

knizarnica-edna-kniga

Соочен со тешкиот избор меѓу стотиците нови наслови кои секоја година го преплавуваат јапонскиот пазар, сопственик на мала книжарница отворена минатата пролет во токискиот луксузен трговски кварт Гинзи, одлучил да понуди само еден наслов седмично, за секоја книга да до добие заслуженото внимание, а неговата книжарница ги привлекува само навистина заинтересираните купувачи.

Пазарот секоја година го преплавуваат стотици илјади нови книги, што може да претпоставува вистински за книжарниците, за кои одлуката што да стават во понудата понекогаш не е едноставна, пишува британски The Guardian. Јошијуки Мориока, сопственик на книжарницата „Morioka Shoten“, отворена минатиот мај во Гинзa во јапонската престолнина Токио, на проблемот му пристапил на необичен начин: неговата книжарница секоја седмица своите полици ги полни само со еден наслов.

Мориока претходно десет години водел друга книжарница, каде во понудата имал по двесте книги. „Имав обичај да организирам неколку книжевни претставувања годишно на кои доаѓаа главно луѓе кои всушност ги интересираше сам таа една книга. Тоа ми ја даде идејата за книжарница којашто би била одржлива и со само еден наслов“, вели.

Неговата книжарница продава само една книга, би можела исто така да се опише и како „книжарница којашто организира изложба произлезена од само една книга“, напомнува сопственикот.

„На пример, кога во понудата е книга за цвеќе, во книжарницата може да биде изложен цветот за кој во книгата станува збор. Исто така, ги повикувам авторите и уредниците што повеќе време да минуваат во книжарницата. Со тоа настојувам од дводимензионалната книга да создадам тродимензионален амбиент и искуство, за да можат купувачите и читателите да се чувствуваат речиси како да зачекориле во книгата, вели Мориока, кој досега таков вид опит на своите клиенти им понудил со книгите како „The True Deceiver“ на финската писателка Тове Јансон и „Бајки“ од Ханс Кристијан Андерсен.

Првиот наслов што ќе го понуди во новата 2016 година, ќе биде фотографската антологија на јапонскиот фотограф Масару Тацуки.

„Се чини дека нашиот концепт наиде на општи симпатии, имајќи предвид дека ни доаѓаат посетители од сите страни на светот“, оценува Мориока, кој досега на овој начин продал 2.100 книги.

На современиот пазат на книги му се заканува зголемувањето на популарноста на електронските книги и ширењето на онлајн социјалните медиуми, но книгата и натаму останува физички предмет со особен шарм, смета Мориока. „Книгата поседува особена привлечност којашто сосема сигурно никогаш ништо нема да ја загрози“,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП