Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски со фирмата Бауер БГ, потпиша Договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на електронско јавно наддавање, што е нова инвестиција во општината.

Градежната парцела се наоѓа во населбата Автокоманда, чија намена е семејно домување во станбени згради. Површината на градежната парцела изнесува 2130 м2, површината на градба е 601 м2, а максималната развиена површина изнесува 3005 м.
Вредноста по Договорот изнесува околу 22.200.000,00 денари.