12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија е 39-та, а Данска повторно лидер меѓу најдобрите места за водење...

Македонија е 39-та, а Данска повторно лидер меѓу најдобрите места за водење бизнис

Skopje-Macedonia_square27

Македонија е на 39-то место во рангирањето за 2015-та година на најдобрите места за водење бизнис според „Forbes“. На челната позиција по шести пат од 2006-та година е повторно Данска.

Рангирањето „Best Countries for Business“ на изданието ги проценува земјите во 11 различни показатели, вклучувајќи право на сопственост, иновации, даноци, технологија, корупција, слобода (лична, трговска и монетарна), бирократија, заштита на инвеститорите и презентација на берзите.

Според овие показатели, Македонија најдобро се претставува во бирократијата каде што е на втората позиција во светот во ова рангирање, како и во даночното оптоварување каде сме на 7-мо место.

Вака изгледа рангирањето на нашата земја: Слобода на трговија – 43-то место, Монетарна слобода – 54-то место, Право на сопственост – 65-то место, Иновации – 58-мо место, Технологија – 63-то место, Бирократија – 2-ро место, Заштита на инвеститорите – 14-то место, Корупција – 57-мо место, Личната слобода – 79-то место, Даночното оптоварување – 7-мо место, Перформансите на пазарот – 39-то место.

Европа како целина доминира во 25-те најдобри земји за бизнис, а две третини од успешните земји се од „Стариот континент“. Тие се претставија добро најмногу во однос на трговската и личната слобода, како и во иновациите и корупцијата.

Азиско-пацифичкиот регион е со седум земји во листата, а САД и Канада ги завршуваат најдобрите 25. САД се на 22-ро место во оваа година, што е за 4 позиции подолу спрема 2014-та година. Ова е шеста година по ред на намалување на позицијата на најголемата економија во светот во вредност од 17,4 трилиони долари. Најголем победник во топ 25 е Литванија, која се придвижува за 7 позиции напред до 17-то место.

Околку 60 проценти од Африканските земји се меѓу 10-те најлоши земји за водење бизнис, најмногу поради високите нивоа на корупција, бирократијата и даноците. Чад, која се потпира на нафтата и сочинува половина од извозот, е на дното на листата на 144-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП