4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 причини поради кои треба да јадете портокали

6 причини поради кои треба да јадете портокали

n41909

На нивниот вкус е тешко да се одолее. Ова oмиленото овошје на многумина, дефинитивно му годи на нашето здравје, а за тоа се виновни следниве причини.

1. Моќни витамини и минерали

Портокалите се богати со витаминот Ц, антиоксиданс којшто ја зајакнува отпорноста на организмот кон вирусните и бактериските инфекции. Во нив има и минерали, калциум, калиум и магнезиум. Првиот ги чува коските, а вториот позитивно делува на нервниот систем и мускулите и е неопходен за воспоставување на рамнотежа на водата во организмот.

Третиот минерал пак е важен за правилна работа на срцето, мускулите, бубрезите и изградбата на забите и коските. Делува и како лек против мигрена и хроничен замор.

34759_shutterstock_100130132_630x0

2. Висок процент на вода

Овој вид на овошје содржи голем процент на вода, 86 проценти, па брзо ќе ви обезбеди чувство на ситост.

Портокалите прават да се чувствуваме сито бидејќи се богати и со влакна. Долго се варат и токму поради тоа го спречуваат чувството на глад. Можат да се консумираат и како самостоен оброк, а не само како ужинка, порачуваат нутрционистите.

3. Лековита кора

Кората од портокалот е богата со флавоноиди, моќни антиоксиданси коиш го намалуваат ризикот од мозочен удар.

4. Портокалите даваат сјаен сок

103223_pomoradnze-profimedia0162865567_630x0

Портокалите даваат напиток којшто е одличен извор на витаминот Ц, дури 85 проценти од ова овошје се преработува во вкусни сокови.

Најдобро е портокалите да се консумираат самостојно, или со додаток на останати цитруси, со цел најдобро да ги искористилте нивните состојки, велат нутриционистите.

Затоа, со портокалите можете да јадете мандарини, грејпфрут, лимета.

5. Идеално овошје за трудниците

Портокалите се богати и со фолна киселина којашто е неопходна за развојот на фетусот, па за нив се вели дека се вистинска храна за трудниците.

6. Етерично масло против бактерии

Од портокалите може да се направи и етерично масло. А тоа го знаеле дури и древните цивилизации. Овие видови на масла ја спречуваат појавата на бактерии и благотворно делуваат на работата на срцето.

Никотинот го уништува витаминот Ц, па затоа често се говори дека ако на непушачот му е потребен еден портокал дневно како заштита од настинки, тогаш на пушачите им се потребни три портокали.

Постокалите, исто така, се составен дел од многу диети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП