25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали муштеријата секогаш е во право?

Дали муштеријата секогаш е во право?

tutu

Поговорката вели – муштеријата е секогаш во право. Но, дали е навистина така? Колку ги знаеме своите потрошувачки права?

Свеста се зголемува – ова може да се заклучи по бројот на поплаки кои пристигнуваат на адреса на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ). Пред една деценија биле едвај 1000 во годината, а сега надминуваат и 5.000.

„Граѓаните се повеќе се жалат на проблеми со сметките и со квалитетот на услугите, за разлика од порано кога најголем дел од поплаките се однесуваа на дефектни производи или на расипана храна“, велат во ОПМ.

И повеќе државни органи воведоа директни телефонски линии за пријавување на неправилности – расипана или храна со изминат рок се пријавува во Агенцијата за храна, високи телефонски сметки или лоша услуга во Агенцијата за електронски комуникации… Сепак, остануваат проблемите со неквалитетна техничка стока, со гаранциите, со сервисирањето кои најчесто завршуваат во ОПМ.

„Додека трае гарантниот рок расипаниот производ треба да се сервисира до три пати, а ако повторно се појави дефект треба да се замени со нов, со оглед на тоа што купувате производ со определени употребни својства кои треба да ги има. Расипаното не смее да стои повеќе од 30 дена на сервисирање, а за тоа време треба да се обезбеди соодветна замена“, објаснуваат во ОПМ.

Македонија ги има имплементирано сите европски директиви во оваа област, пред законот муштеријата најчесто има право, но продавачите, сервисерите и давателите на услуги не секогаш го прифаќаат тоа.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП