17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштен во употреба нов Дистрибутивен систем на Катастарот, наместо на шалтер, услуга...

Пуштен во употреба нов Дистрибутивен систем на Катастарот, наместо на шалтер, услуга преку интернет

катастар888

Нов Дистрибутивен систем на Катастарот беше пуштен во употреба во вторник, со кој се овозможува граѓаните или фирмите, услугите од катастарот да ги обезбедуваат преку интернет.

Имотниот лист како и другите податоци од дистрибутивниот систем може да се добијат во три чекори, впишување на бројот на имотен лист или парцела, додавање во кошничка и плаќање преку интернет и преземање на саканиот имотен лист кој е електронски потпишан и е јавна исправа.

Дистрибутивниот систем ќе бидат on line 24/7/365 за сите правни и физички лица во земјата и странство.

Во зависност од желбата и потребата на корисникот бараните податоци може да се добијат во дигитална или хартиена форма.

Дигиталните податоци се за 20% пониски цени од хартиените податоци.

Во зависност од производот Нарачателот може да го одбере и форматот на дигиталниот производ односно дали истиот ќе го добијат во растерски или векторски формат односно во ексел или пдф формат.

Податоците што се издаваат во електронска форма се официјални податоци потпишани со Дигитален сетификат на Агенцијата за катастар на недвижности и истите се Јавни исправи кои можат да се користат пред други државни органи, банки и други институции кои имаат информациони системи.

Податоците што се издаваат во харија ќе бидат испорачани на адресата наведена во самото барање, преку брза пошта.

„Со пуштањето на употреба на овој дистрибутивен систем Агенцијата се повеќе ја остварува својата стратешка цел за целосно дигитално работење, односно работење без хартија, со што уште повеќе се намалуваат трошоците на граѓаните, како и гужвите на шалтерите во катастарот. Со еден ваков дистрибутивен систем кој за прв пат е достапен на граѓаните на Република Македонија, катастарот уште еднаш покажа дека е лидер во регионот за развивање на катастарскиот систем“, велат одговорните во Катастарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП