14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродромот во Атланта со 100 милиони превезени патници годишно стана светски рекордер

Аеродромот во Атланта со 100 милиони превезени патници годишно стана светски рекордер

атланта

Меѓународниот аеродром во Атланта, низ кој годишно поминуваат повеќе патници од било кој аеродром во светот, го забележа 100 милионитиот патник од почетокот на годината, што досега не му успеа на ниту еден аеродром во светот, потврдија првите луѓе на аеродромот.

Кога во недела, за време на еден од најфреквентните денови во годината, патникот Лери Кендрик долета од Гулфпорт, Мисисипи, освои неколку награди: два повратни билета за дестинација по негов избор, 500 долари и ‘нисан алтима’.

Вработените на аеродромот и претставници на градот истакнаа дека тоа е првпат аеродромот во една година да опслужи 100 милиони патници.

„Денеска влегуваме во историјата на воздухопловната индустрија“, рече пред насобраните градоначалникот на Атланта, Касим Рид.

Аеродромот Хартсфилд-Џексон повеќе од 15 години ја носи титулата најфреквентен светски аеродром според бројот на превезени патници. Преку него лани минале 96 милиони луѓе, истакна водството на аеродромот.

Покрај Атланта, и аеродромите во Лос Анџелес, Чикаго и Далас-Форт Ворт влегоа во топ 10 најпосетените аеродроми според бројот на превезени патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП