22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи благо пораснаа, доларот стабилен

Азиските берзи благо пораснаа, доларот стабилен

berzi azija 2994

Денеска на азиските берзи цените на акциите благо порасна, благодарејќи на стабилизацијата на цените на нафтата и на кинеските пазари.

На токиската берза во претпладневното тргување индексот Nikkei беше во плус 0,6 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 1 отсто. Во Јужна Кореја и во Сингапур, пак, благо паднаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските беше во плус од 0,1 отсто. Во однос на почетокот од годината овој индекс е во минус од околу 12 отсто.

Азиските вложувачи ги охрабри стабилизацијата на кинеските берзи. Откако во понеделникот цените на кациите потонаа за повеќе од 2 отсто, што беше нивниот најголем дневен пад во изминатиот едномесечен период, во вторникот претпладнето пораснаа за 0,2 отсто. Обемот на тргувањето останува слаб, што е вообичаено за празничниот период.

Позитивно на пазарите влијае и стабилизацијата на цените на нафтата, откако во понеделникот паднаа за повеќе од 3 отсто. На лондонскиот пазар барелот во вторникот утрото поскапе за 0,1 отсто, на 36,75 долари, но и натаму е близу најниската цена во последните 11 години од 35,98 долари. На американскиот пазар, пак, цената на пазарот во вторникот претпладне зајакна за 0,1 отсто, на 36,85 долари.

И на валутните пазари владее претпазливост, па курсевите на најзначајните валути не осцилираат почувствително. Курсот на доларот кон јапонската валута се лизна на 120,35 јени, додека во понеделникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 120,45 јени, Тоа не е далеку од неговото најниското ниво во последните два месеца од 120,05 јени, на кое се спушти минатиот петок. Цената на еврото, пак, стабилно се движи околу 1,0970 долари, колку што изнесуваше и во понеделникот претпладне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП