20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТужба за серијата 'Big Bang', ја украле песничката 'Soft Kitty'

Тужба за серијата ‘Big Bang’, ја украле песничката ‘Soft Kitty’

big-bannnnn

Лоши вести за д-р Шелдон Купер од „The Big Bang Theory“, нема повеќе да се успива и да се смирува со песничката „Soft Kitty“

Имено, ќерките на Едит Њулин, учителка од Њу Хемпшир, објавила песничка за “soft kitty” во 1937 година, ја тужат телевизиската мрежа CBS и другите компании кои стојат зад хит-серијата „Big Bang“, тврдејќи дека ги нарушиле авторските права над песничката, за која не платиле да ги откупат правата.

TMZ објави фотографија на оригиналните стихови од Њулин. Во серијата стиховите се “Soft kitty, warm kitty, little ball of fur…”, а во верзијата на Њулин, песничката насловена како Warm Kitty, почнува со “Warm kitty, soft kitty, little ball of fur.”

Според тужбата на Њулин не и дадено соодветно место во серијата, па фановите на д-р Шелдон Купер, мислат дека песничката е напишана од некој во шоуто.

„The Soft Kitty стифовите се најдобро познати и најпопуларни аспекти од серијата. Тие станаа потпис и амблем на шоуто и централен дел од неговата промоција“, се вели во тужбата.

Се додава дека се користат во реклами, се печатат на облека, на подлога за компјутерско глувче, на заштитни маски за телефони, на паричници, магнети, играчки и друго.

Причината зошто ќерките на авторката зошто дури сега го тужат шоуто е затоа што не ја гледале серијата, и се едни од ретките. Едната ќерка, сосема случајно налетала на фактот дека песната се користи во серијата, барајќи напис за песничката на мајка и.

Едит Њулин починала во 2004 година на возраст од 99 години, а 35 години работела во
градинка.

Од шоуто велат дека за правата над песничката платиле на компанија која ја печатела песничката во збирка детски песни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП