6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои валути се исплатеше да се штеди во 2015-та година?

Во кои валути се исплатеше да се штеди во 2015-та година?

5856660723_ef2b89a8e6_b

Бидејќи годината се приближува до крајот и во наредните неколку дена најверојатно нема да дојде до значителни промени во вредноста на валутите, акциите и останатите финансиски инструменти, уште сега може да се заклучи во што вредеше да се инвестира во 2015 година.

Кога станува збор за најтргуваните светски валути, од почетокот на годинава, во однос на еврото најмногу зајакна швајцарскиот франк (9,6 проценти), а во еден момент за швајцарската валута можеше да се добие над 20 проценти повеќе отколку на самиот почеток на годината. Но зајакнувањето на франкот беше неочекувано и по наглиот скок веќе беше касно да се купува. Некои други валути зајакнуваа постепено, па нивното зајакнување беше очекувано и однапред најавувано.

Американскиот долар во однос на еврото во текот на годината зајакна за дополнителни 9,3 проценти и продолжи со трендот на зајакнување од 2014 година, во која зајакна за 11 проценти.

Британската фунта и јапонскиот јен исто така зајакнаа во однос на еврото во текот на годината, 5,8 проценти и 8,4 проценти респективно, додека австралискиот и канадскиот долар ослабеа за 2 и 7,8 проценти респективно, што значи дека чувањето капитал во овие валути не се исплатеше.

Руската валута рубља, поради економските санкции и значителниот пад на цената на нафтата, ослабе за дополнителни 10,3 проценти.

Инвестирањето во американските акции гоиднава не се исплатеше, бидејќи вредноста во просек, (според SP500 индексот), остана непроменета, додека германскиот DAX се зголеми приближно за 10 проценти.

Цената на златото во текот на годината беше невообичаено стабилна и моментално е само за 0,4 проценти над цената од почеток на годината, додека цената на нафтата „брент“ опадна за дополнителни 27 проценти, па на нафта годинава профитираа само оние кои отвораа продажни (short) позиции.

Со оглед на моменталнo достапните информации, аналитичарите од Admiral Markets, сметаат дека во 2016 година може да се очекува продолжение на јакнењето на американскиот долар и благ раст на цените на акциите. Цената на златото најверојатно ќе продолжи да опаѓа, додека на енергетскиот пазар би требало да дојде до стабилизација и раст на цената на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП