3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗа наградите на ДПМ конкурираат 85 книги

За наградите на ДПМ конкурираат 85 книги

книги-кнкниги

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија до сега пристигнаа 85 дела објавени во текот на оваа година.

Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени во февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитетски професори, критичари и есеисти. Членови на жири комисиите се: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани, Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасески, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП