20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДогодина германските покраини ќе потрошат 17 милијарди евра за бегалците

Догодина германските покраини ќе потрошат 17 милијарди евра за бегалците

begalcite 33

Во 2016-та година германските покраини планираат да потрошат 16,5 милијарди евра за решавање на кризата со бегалците, пренесе „Die Welt“.

Весникот се повикува на податоци добиени од финансиските министерства во 16 провинции. Информации не се обезбедени од провинцијата Бремен, која се уште не го одобрила буџетот за следната година.

Според пресметките федералната помош покрива едвај 1/4 од трошоците кои ги имаат провинциите за справување со бегалската криза. Во провинцијата Хесе пример од федералниот буџет ќе бидат преведени бесплатни 300 милиони евра за бегалците. Прогнозите сепак се дека ќе бидат потребни најмалку 1,3 милијарди евра.

Северна Рајна-Вестфалија, пак, планира да ги удвои средствата за бегалците од 2 милијарди евра во оваа година до 4 милијарди евра. Во исто време, уделот кој ќе биде покриен од федералниот буџет, се намалува од 22,1% во оваа година до 19,6 отсто во 2016-та година.

pokraini3 3

Тешко е сепак да се направи точна прогноза колку ќе потрошат провинциите за решавање на бегалската криза во следната година, признава „Die Welt“. Некои од нив планираат назначување на нови наставници, полицајци и други, поради зголемените обврски поврзани со бегалскиот бран.

Прогнозата на властите во Берлин се дека до крајот на оваа година во Германија азил ќе побараат над 1 милион бегалци. Само до крајот на ноември нивниот број веќе е 965 илјади.

Според податоците на ОН во 2015-та година само по море во Европа се влегле околу 893 илјади луѓе, 776 илјади од нив поминале низ грчките острови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП