21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДинамичен трговски ден на Македонската берза

Динамичен трговски ден на Македонската берза

berza

Последниот понеделник за 2015 година беше исклучително динамичен на Македонската берза со солиден промет од 15,4 милиони денари реализиран преку 94 трансакции.

Се тргуваше со вкупно 23 хартии, при што МБИ-10 забележа пораст од 0,47 отсто, додека индексот ОМБ беше без промена.

Промет од над милион денари оствари единствено акцијата на Комерцијална банка (КМБ) каде се истргуваа 3.369 акции по просечна цена од 2.277,21 денари.

Листата на добитници убедливо ја предводеше акцијата на Тиквеш каде цената порасна за 33,33 отсто со истргувани 45 акции по просечна цена од 2.600 денари.

Невообичаено висок промет имаше и со акцијата на Стопанска банка Битола (СБТ) каде преку блок трансакција се истргуваа 1.243 акции по цена од 1.080 денари, додека во класично тргување поминаа дополнителни 70 акции по цена од 1.050 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП