10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТамара и Оливер Драгојевиќ за спектакуларен дочек на Новата 2016 година

Тамара и Оливер Драгојевиќ за спектакуларен дочек на Новата 2016 година

tamara-ng

Спектакуларен концерт во организација на Градот Скопје и Македонски Телеком ќе биде одржан на плоштад Македонија, на кој на дочекот на Новата година ќе настапат Тамара Тодевска и хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ.

Забавата е закажана на плоштадот Македонија со почеток во 21 часот кога атмосферата прво ќе се загрее со ДЈ, а по него, во 21:30 свој настап ќе има Тамара.

Во 22:30 започнува Оливер Драгојевиќ, со чија прекрасна музика ќе ја пречекаме Новата 2016, заедно со големото одбројување и големиот огномет. Од 1 часот по полноќ, големата забава продолжува со ДЈ сет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП