21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекумерното снабдување ги спушти цените на нафтата

Прекумерното снабдување ги спушти цените на нафтата

nafta 222

Цените на сировата нафта се лизнаа во понеделникот на светските пазари на коишто не sе гледа крајот на прекумерното снабдување, поради што цените паднаа за речиси 70 отсто од почетокот на надолниот тренд кон средината на 2014 година.

По силниот раст минатата седмица, цените на нафтата на лондонскиот пазар падна во понеделникот за 31 цент, на 37.58 долари. На американскиот пазар, пак, со барел сирова нафта се тргуваше по цена од 37,63 долари, што значи дека цената беше помала за 47 центи од затворањето на претходното тргување.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барел од неговата референтна кошница во четвртокот изнесувала 32,14 долари, што значи дека била речиси 90 центи повисока отколку ден претходно.

Обемот на тргување на намален и на лондонскиот и на американскиот пазар во постпарзничното тргување. Аналитичарите од компанијата „Phillip Futures“ во понеделникот појаснија дека очекуваат мирна трговска седмица, со тоа што најважните вети за пазарите со овој енергенс треба да бидат оние за состојбата на американските резерви кои ќе бидат објавени во среда и во четврток.

На американскиот пазар во првата половина од декември односот на понудат и побарувачката беше благо затегнат, резултирајќи со одредена премија во тамошните цени во однос на нафтените пазари глобално, а тоа беше последица од послабите активности во сегментот на црпењето нафта, намалувањето на речиси рекордните нивоа на сирова нафта и изгледите за извоз на сировата нафта по укинувањето на 40-годишната американска забрана за извоз.

Иако американскиот пазар беше благо тензичен, меѓународните пазари останаа прекумерно снабдени, бидејќи произведувачите како земјите од OPEC и Русија дневно произведуваат од половина милион до два милиона барели сирова нафта повеќе отколку што е побарувачката. Сето тоа се одвива во периодот на забавување на активностите на развиените и економиите во формирање, во прв ред во Азија, сметаат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП