1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство од 11,5 отсто во ноември

Раст на индустриското производство од 11,5 отсто во ноември

proizvodstvo industrisko 2334

Индексот на индустриското производство во ноември бележи пораст од 11,5 отсто во однос на истиот период лани објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во бележи опаѓање од 1,0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 17,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,3 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во ноември  бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 34,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,5 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,9 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на истиот период лани изнесува 104,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП