ПочетнаЕКОНОМИЈАСо воз од Белград до Москва за два дена

Со воз од Белград до Москва за два дена

возвоз

Воз на Руските државни железници почна да сообраќа на релација Белград – Москва, преку Братислава, Варшава и Минск, што до сега не беше во понудата на српската железница, соопштија од Акционерското друштво за железнички превоз на патници „Србија воз“.

Возот од Белград за Москва поаѓа во 21.50 часот, а за два дена во Москва е во 16.40 часот.

Возот од Москва кон Белград поаѓа во 16.27 часот, а во Белград е по два дена во 6.21 часот.

Кола за спиење, во сопственост на Руските државни железници, има со четири кревети во туристичката класа, два кревети во дабл кабината и со една постела, во сингл кабината, пренесуваат белградските медиуми.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП