3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Кина со два нови договори за економска и техничка соработка

Македонија и Кина со два нови договори за економска и техничка соработка

мак-кина

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и амбасадорот на Кина, Вен Џеншун во понеделникот потпишаа два нови договора за економска и техничка соработка, со кои се обезбедуваат неповратни средства за финансирање на проекти од интерес на двете земји.

Во досегашната успешна проектна соработка, реализирани се повеќе проекти во областите образование, обуки/семинари во Кина, кои се области од интерес за Македонија, како и обезбедување на опрема за заштита и спасување. Како последен во низата на успешни проекти ќе се спомене изградбата на ОУ „Рајко Жинзифов“ во општина Кисела Вода.

Двата нови договора за соработка се јасен израз на подготвеноста на двете страни за продолжување и проширување на проектната соработка и во периодот што следи. Со новите средства, покрај веќе обезбедените од предходните години, планирано е да се реализираат проекти за изградба на две нови основни училишта во општините Гази Баба и Тетово, две нови детски градинки во општините Чаир и Кисела Вода, изградба на објект на Институтот Конфучиј во Скопје, како и мрежно поврзување на институции и организации во областа на образованието.

Активностите за подготовка и реализација на проектите се реализираат во координација помеѓу Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата за економска и трговска соработка при амбасадата на Кина во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП