20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроблемите на еврозоната би можеле повторно да се појават

Проблемите на еврозоната би можеле повторно да се појават

e problemi 335

Економските проблеми на еврозоната „само се прикриени“ по последната криза и би можеле во догледно време повторно да се појават и да го сменат трендот на германската економија, предупредува водечкиот германски економист Ханс-Вернер Зин.

Можноста од повторни превирања во еврозоната и постојано присутната закана од драматично забавување на кинеската економија се двата најголеми ризика со кои Германија сега се соочува, изјави Зин за институтот Ifo. Меѓутоа, ако овие два проблема успеат да се избегнат, Германија би можела да оствари силен економски раст во 2016 година, смета Зин.

Дел од најголемите проблеми на еврозоната доаѓаат од Франција и државите на јужна Европа, кои не успеаа да ги протуркаат структурните реформи и да ги зајакнат своите економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП