9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСе е во говорот на телото: 5 начини да ја зголемите самодовербата

Се е во говорот на телото: 5 начини да ја зголемите самодовербата

1804648538567eb93c1fcb6290154744_w640

Еми Кади, професорка  во бизнис училиштето на Харвард, одржа говор за придобивките од „моќните пози“ или „употребата“ на телото за да се чувствуваме полни со самодоверба. Кади вели дека нашиот став често го следи нашето однесување, но и спротивно – однесувањето и делата можат да се зависни од тоа кој став сме го заземале.

На пример, доколку имате психолошка бариера себеси да си (до)кажете дека сте сјајни, совршени, убави, згодни, заземате одредена поза и така вашето тело ќе му испрати порака на вашиот ум, кој би требало да биде убеден во тоа. Понатаму, како што вели Кади, со усвојувањето на говорот на телото на моќните личности, ќе се промени начинот на кој другите луѓе ве гледаат и начинот на кој ќе се однесуваат кон вас.

Како можеме да ја примениме оваа стратегија следниот пат кога ќе се соочиме со некоја тешка ситуација?

Еве неколку положби на телото кои ќе ви ја подигнат самодовербата на работа:

Кога склучувате договор (или завршувате договор) ставете ги рацете на масата и потпрете се малку напред.

Кога одржувате некаква презентација, кон крајот на презентацијата,  доколку сакате да поентирате наместете се во оваа положба. Тоа што сте наведнати нанапред покажува дека се грижите и дека сте во позиција во која доминирате. Психолозите велат дека оваа поза може во исто време и да чува и да заведе.

Кога сакате да кажете некоја идеја, ставете ги нозете на маса, рацете позади глава и навалете се назад.

Оваа „шеф“ поза ќе ви даде повеќе самодоверба да кажете некои идеи или новитети, кои инаку не би ги кажале поради срамежливост, недостаток на верба во самите себе и во своите идеи итн. Исто така, оваа поза овозможува да преземеме ризик.

Пред интервју, раширете ги нозете и испружете ги рацете над глава во форма на буквата V.

Ова е позата „голема моќ“. Пред интервју (за работа), раширете ги рацете колку повеќе можете, како што би направиле кога би биле на бина пред илјадници ваши фанови. Задржете се во оваа положба околу две минути за да почувствувате хормонски промени кои би ви дале повеќе самодоверба.

Ако сте вие личноста која го спроведува интервјуто, ставете ја раката на потпирачот на столот, а нозете ставете ги една преку друга.

На тој начин ќе бидете „отворени“, но со нозете на земја. Кади оваа поза ја нарече „директорска“, откако видела слика од Опра Винфри, на која Опра изгледала како тотален шеф.

Кога разговарате со шефот, исправете се, ставете ги рацете на колковите а стапалата нека ви бидат во иста линија со колковите.

Кога ќе ви се придружи шефот, да кажеме кај апаратот за кафе, сигурно дека нема да ви биде баш најпријатно. Обидете се опуштено да разговарате со него. Токму оваа поза, која Кади ја нарече „посакувана жена“, ќе ви даде доза на самодоверба, смиреност и контрола. Потполно спротивен ефект има, на пример, допирањето за врат, кое покажува анксиозност и недостаток на контрола.  

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП