19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема проширување на еврозоната во наредните години

Нема проширување на еврозоната во наредните години

evrozona

Еврозоната не очекува дека ќе добие нови членки во наредните години, бидејќи некои земји поради долгата криза во овој регион го одложија влегувањето во заедничката монетарна унија, изјави потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.

„Не се очекува влез на нови членки во наредните неколку години“, изјави тој, кој истовремено е и комесар на ЕУ за еврото и социјалниот дијалог.

Од 28 членки на ЕУ, досега 19 потпишаа пристапување во монетарната унија – еврозоната.

„Пред некоја земја да му се придружи на еврото, мора да има фиксен курс во однос на еврото. Тој механизам е како „чекална“ за членството во еврозоната“, изјави Домбровскис.

Тој додаде дека во моментот ниту една членка на ЕУ не е во таа „чекална“, исклучувајќи ја Данска, која има специјален статус.

Домбровскис изјави дека Бугарија и Романија се заинтересирани да ги преземат првите чекори за влез во еврозоната, а прелиминарните разговори се водени со претходната влада на Полска.

„Можно е новата влада во Варшава да биде малку повоздржана. На почетокот, влезот во еврозоната беше привлечен за новите членки на ЕУ. Но кризата на еврото го промени тоа, а за тоа придонесе и кризата во Грција“, изјави Домбровскис.

Последните земји кои и се придружија на еврозоната беа Летонија во 2014 година и Литванија во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП