Поради остриот пад на цената на нафтата, бројот на стечаи на нафтените и гасни компании во САД во последниот квартал од година бележи рекордни нивоа кои не се забележани од големата рецесија во 2008 година.
Од почетокот на октомври девет нафтени и гасни компании компании завршија во стечај, со долгови поголеми од две милијарди долари, се наведува во анализата на подружницата на Фед во Далас.
„Пониската цена на нафтата им нанесе значителни финансиски штети на американските нафтени и гасни компании, делумно поради тоа што многу имаат поголеми трошоци на производство од нивните меѓународни конкуренти“, стои во анализата.
Цената на нафтата во летото минатата година се движеше над 110 долари, додека минатата недела на лондонската берза потона на најниско ниво од 2004 година, под 36 долари.
Цената на “црното злато“ е под притисок бидејќи најголемите светски производители го држат производството на речиси рекордно ниво, додека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на глобалната економија, пред се поради кинеската, најголемиот потрошувач на сировини.
Во анализата на Фед се предупредува на можноста цената на нафтата да не порасне значително во наредните 12 месеци, што би можело да предизвикаа натамошен бран на стечаи на американските нафтени компании.