17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ ги укинува заштитните мерки поради грчката криза

НБРМ ги укинува заштитните мерки поради грчката криза

nbrm

Мерките кои беа воведена во јуни поради должничката криза во Грција заради заштита од опасноста од нарушување на рамнотежата во билансот на плаќања или на стабилноста на финансискиот систем на Македонија, престануваат во вторник.

Ова го објави Народната банка на Република Македонија(НБРМ) потсетувајќи дека мерките биле воведени за спречување на евентуалните позначителни одливи на капитал од Македонија кон Грција.

„Заштитните мерки ја постигнаа целта заради која беа воведени, односно оневозможија поголеми капитални одливи од Република Македонија, не нарушувајќи го притоа деловното работење на домашните компании со грчки субјекти. Рамнотежата во билансот на плаќања и стабилноста на домашниот банкарски систем беа одржани“, соопшти НБРМ.

Заштитните мерки беа со привремен карактер, за период од најмногу шест месеци, а постоеше можност за продолжување на нивната примена.

Состојбата во Грција веќе одреден период, се стабилизира, кредиторите продолжија со финансиското поддржување на Грција, којашто, пак, се обврза да применува економски и социјални реформи, како и мерки за штедење. Поради тоа, со истекот на шестмесечната важност на заштитните мерки на 28 декември 2015 година, односно почнувајќи од 29 декември 2015 година, оваа одлука веќе не е во примена, стои во соопштението од НБРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП