8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана книгата ,,Модерна македонска кујна,, - дело за обнова на напуштените македонски...

Промовирана книгата ,,Модерна македонска кујна,, – дело за обнова на напуштените македонски рецепти

IMG_0583

,,Ова е книга за своето, за моето, за твоето и за нашето. Ова е потсетник за убавината на животот, запис за љубовта и за природата. Во книгата ќе најдете рецепти од нашите баби, прераскажани во модерни и убави фотографии и дизајни. Ќе забележите состојки од дворот на нашата викендичка, од планината на половина час возење од дома…,, – вака ја отвори промоцијата на својата книга Модерна македонска кујна, познатиот шеф Влатко Огненовски.

IMG_0777

Промоцијата се одржа вчера (27.12.2015) во Форца кафе и ресторан во автентичен национален амбиент во присуство на бројни уживатели на македонската кујна, соработници и пријатели на познатиот гастроном Шеф Огненовски.

IMG_0654

Во книгата ,,Модерна македонска кујна,, Влатко Огненовски обединува 100 модерни оброци кои се инспирирани од традиционалната македонска кујна и напуштени рецепти од различни подрачја од Македонија. Рецептите се напишани на едноставен начин, а се создадени од свежи сезонски состојки со македонско потекло.

IMG_0726

Целта на ова дело според Огненовски, е да се обнови автентичната македонска кујна, чија уникатност е силен аспект во националното брендирање на Македонија. Природните состојки кои растат во нашиот двор, како и напуштените начини на приготвување на храната кои се типично македонски, Огненовски ги враќа во живот, формирајќи нови модерни ритуали на исхрана кои го адресираат современиот човек и неговата потреба од квалитетен и здрав живот.

IMG_0779

,, Кога создавам храна за вас, влегувам во вашите животи за миг. Но, со создавањето на оваа книга ќе влезам во вашата кујна, во вашиот дом и во вашиот живот засекогаш,, – истакна во своето обраќање Огненовски, поклонувајќи и се на својата публика.

IMG_0910

На промоцијата, покрај продажбата на книгата ,,Модерна македонска кујна,, беше најавено активирањето на Институт за кулинарски уметности кој ќе биде единствен во регионот. Продажбата на книгата како и активирањето на Институтот се најавени за Јануари 2016та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП