19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложбата „Наоди“

Отворање на изложбата „Наоди“

naodi 3535

Изложба на проектот „Наоди“, со кој, во организација на Младинскиот културен центар во Скопје, Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција, одржана од 7 јуни до 23 ноември 2014 година.

Отворањето на изложбата е во понеделник, со почеток во 20 часот, во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.

На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „Наоди: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП