Четири натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, во кои победи забележаа Оклахома, Бостон, Портланд и Мемфис.
Оклахома, предводена од триото Вестбрук-Дурент-Кантер славеше во дуелот со Денвер (122:112). Вестбрук постигна 30 поени на кои придодаде девет скокови и 12 асистенции, Дурент уфрли 26, а Кантер 21 поен. Кај Девер со ’дабл дабл’ од 25 поени и 11 скокови се истакна центарот Кенет Фарид.
Порталнд иако игра без својот најдобар играч Демија Лилард, ја забележа втората последовна победа. Најзаслужен за серијата на Портланд е Си Џеј Меколум кој игра во животна форма, во победата над Сакраменто (98:94) тој имаше учинок од 35 поени, 11 скокови и девет асистенции. Сакраменто го предводеше Демаркус Казинс со 36 поени.
Бостон се наоѓа во серија од четири победи и скор од 18 победи и 13 порази. Селтикс забележаа победа над Њујорк (100:91), а најдобри беа Ајзеа Томас со 21 и Еван Тарнер со 19 поени. Њујорк загуби и покрај тоа што Кармело Ентони имаше учинок од 29 поени и 11 скокови.
Мемфис лесно се справи со последнопласираниот тим во Западната конференција, ЛА Лејкерс. Мемфис славеше со 112:96. Четворица играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Мајк Конли со 19, колку што на спортивната страна реализираше Коби Брајант.