28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата го отежнува сообраќајот

Маглата го отежнува сообраќајот

magla patista 33

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви коловози во пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Намалена видливост поради магла со видливост 50 м има во : Маџари, Дебар, Демир Капија, Петровец, и Неготино до 100м.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП