Премиера на авторската претстава на Лилија Абаџиева „Метаморфози“ ќе се одржи на 28 и 29 декември 2015 година, во НУ Народен театар Битола.
Во претставата играат Марјан Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Викторија Степановска – Јанкуловска, Никола Пројчевски, Кристина Христова – Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Сандра Грибовска.
„За да дознае нешто за себеси, човек треба да знае се за другите. Не мора да постои расположение, коешто не може да се доживее, ниту пак мртов начин на живо, којшто не може да се оживее. Апсурдно ли е тоа? Според мене не. Кога ни го открива во детљи механизмот на сите дејства, ослободувајќи не на тој начин од самонаметнатата пречка на бремето на моралната одговорност, научниот закон за насладување се претвора во гарант за контемплативно постоење. Тој елоквентно ни покажува, дека најмалку сме слободни кога се мачиме да дејствуваме. Тој закон не оградува со замки и го запишува на ѕидот пророштвото на нашата судбина. Излишно е да го бараме затоа што тој е во нас. Можеби не ќе го забележиме, освен во огледало, во кое што се огледува душата“, пишува режисерката Лилија Абаџиева.