Новиот филм од франшизата „Ѕвездени војни“ – Star Wars The Force Awakens, беше добар мамец и за публиката во текот на божикниот викенд, заработувајќи досега повеќе од милијарда американски долари побрзо од кој и да е друг филм во историјата.
Филмот во текот на божикните празници во САД заработил рекордни 153,5 милиони долари. Тоа е воедно и најдобриот втор викенд од прикажувањето на некој филм во историјата.
„Силата се буди“ во САД досега заработила 544,6 милиони, а во целиот свет речиси 1,1 милијарда долари.
Милијарда долари овај филм заработил во првите 12 дена од прикажувањето, додека „Светот Јура“ тоа го постигна за 13 дена.