2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБремените и хронично болните ослободени од работа поради загаденоста на воздухот

Бремените и хронично болните ослободени од работа поради загаденоста на воздухот

загаден-воздух

Низа заклучоци и препораки поради загаденоста на воздухот, како што се бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работа, а граѓаните се повикуваат на редуцирана употреба на приватните возила, донесени во неделата на вонредна седница на Владата на којашто се дискутираше за зголеменото ниво на загаденост на воздухот.

Беше усвоен заклучокот со кој се препорачува на сите правни субјекти, односно работодавачите на териториите на Градот Скопје и Општината Тетово, каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60-годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4-ти јануари.

Владата им препорачува на властите на главниот град и на oпштината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина, до 4-ти јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до министерот за животна средина и просторно планирање и до министерот за здравство.

На Градот Скопје и другите општини, исто така, им се препорачува преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до споменатиот датум да вршат еднаш седмично контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и емисии. Притоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, да се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните почесто да го користат јавниот превоз, да не се користат приватните возила без поголема потреба, да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.

Се препорачува и да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.

Истовремено, Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки, и преку надлежните институции ќе ја следи реализацијата на донесените заклучоци, и состојбата поврзана со загаденоста на воздухот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП