18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 300 дедо мразовци се тркаа низ центарот на Скопје

Повеќе од 300 дедо мразовци се тркаа низ центарот на Скопје

дедо-мразовци

Повеќе од 300 дедо мразовци во неделата учествуваа во втората трка од овој вид, организирана од страна на Град Скопје.

Натпреварувачите трчаа на траса долга 1,5 километри, каде стартуваа од плоштадот „Македонија“, низ „Порта Македонија“, до градската болница, по улица „Филип Втори” до кејот на Вардар (од страната на зградата на МНР), со плоштадот „Филип Втори“, преку камениот мост, до целта повторно на плоштадот „Македонија“.

Дедомразовската трка се одржува по втор пат во Скопје и слична ваква трка се одржува во голем број на светски метрополи. Трката е дел од богатата новогодишна програма на Град Скопје, во организација заедно со „Пивара-Скопје“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП