Од „Tesla Motors“ наведуваат дека „Model S“ забележал поголема побарувачка и продажба од онаа која првично била прогнозирана. Од компанијата предвидоа продажба на 4.500 возила, но досега тие имаат продадено 4.750 единици.
Ова е првиот квартал во кој компанијата „Tesla Motors“ забележала профит и покрај проблемите кои ги имаа со „The New York Times“ кои можеа да наштетат на продажбата.
Тоа што им е важно на потенцијалните купувачи е дека овој производител на автомобили одлучил од понудата да го изостави малиот 40kWh акумулатор, поради слабата побарувачка, па сите оние кои имаат порачано ќе добијат 60kWh акумулатор кој ќе биде софтверски ограничен на 40 kWh, а ќе постои можност за преминување од 40kWh на 60kWh. „Tesla“ наведува дека моделите ќе поседуваат акумулатор од 60kWh и „Supercharger hardver“.