3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на руската економија во наредната година

Раст на руската економија во наредната година

rusija1rus1

Руската економија го помина врвот на кризата и се очекува нејзин раст во наредната година, изјави денес претседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Валентино Матвијенко.

Според неговите зборови, Русија треба да обрати посебно внимание на растот на малите и средни претпријатија, бидејќи големите компании повеќе зависат од светската економија и не можат да осигураат одржливост на економскиот развој.

На крајот на 2014 и на почетокот на 2015 година, руската економија значително забави поради значајниот пад на цените на нафтата на светскиот пазар и во помала мера поради западните санкции наметнати на Москва поради нејзиното наводно учество во внатрешните украински судири.

Рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукајев во ноември изјави дека рецесијата во руската економија е завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП