16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКирацовски се обрати на трибина посветена на проблемите на јавната администрација

Кирацовски се обрати на трибина посветена на проблемите на јавната администрација

tribina struga 343

Заменикот министер во министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, во петокот во Струга се обрати на трибина посветена на предизвиците и проблемите на јавната администрација во Македонија.

На трибината присуствуваа административни службеници и вработени во јавниот сектор, изразувајќи ги секојдневните тешкотии со кои се соочуваат на работното место, демотивираноста, политичките притисоци и „гушењето“ кое доаѓа од новиот закон за административни службеници, донесен од оваа власт, особено во делот на грубото оценување, соопштуваат од кабинетот на заменикот министер.

Присутните дадоа свои предлози за подобрување на квалитетот на административното работење, зголемување на ефикасноста и ефективноста, како и сугестии за промена на постоечкото законско решение, додаваат од кабинетот на Кирацовски.

Заменикот Кирацовски ја изрази својата подготвеност за поддршка на административните службеници и вработените во јавниот сектор, ставајќи се на нивна услуга и обврзувајќи се дека во најскоро време ќе излезе со предлог закон за укинување на овој модел на оценување во администрацијата, како и други предлози за измена на законските одредби кои ја комплицираат нивната работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП