6 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил бега од Балтикот поради анти-руското расположение

Лукоил бега од Балтикот поради анти-руското расположение

1643932637567d73d641745366649860_w640

Руската нафтена компанија Лукоил соопшти дека ќe го продаде својот преостанат имот во Литванија и Летонија поради, како што наведува, раширеното анти-руско расположение.

Извршниот директор на Лукоил, Вагит Алекперов, изјави дека компанијата не планира проширување на мрежата на бензинските пумпи во Европа, туку дека ќе се фокусира на истражување и производство на нафта.

Лукоил во јуни ја продаде својата естонска филијала Лукоил Ести на естонската компанија Олерекс, а минатата година ги продаде и своите пумпи во Чешка, Словачка, Унгарија и Украина. Од продажбата на имотот, компанијата минатата година собра 1,86 милијарди долари.

Лукоил, според проценката на Форбс, е најголемата приватна компанија во Русија, а во средината на 2000 беше најголем производител на нафта во таа земја, додека сега пред неа е само Роснефт.

Алекперов во месец септември изјави дека Лукоил добро ќе работи дури и ако цената на нафтата падне под 30 долари за барел. Од летото во 2014 година, цените на нафтата загубија повеќе од 60 проценти од вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар