8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакцијата на ФЗЦ 11 Октомври го одбележа последниот трговски ден седмицава

Блок трансакцијата на ФЗЦ 11 Октомври го одбележа последниот трговски ден седмицава

mk berza kke

На последниот трговски ден оваа недела на прво место по реализиран промет се позиционираше акцијата на „ФЗЦ 11 Октомври“ АД Куманово. Преку блок трансакција беа реализирани 35.000 акции по цена од 380,00 денари.

Во класично тргување беа реализирани уште 117 акции по просечна цена од 380,00 денари. Вкупниот промет со оваа акција изнесуваше 13.344.460,00 денари, што претставува 51,7 отсто од реализираниот промет во петокот.

Беше реализирана уште една блок трансакција, и тоа со акцијата на „Скопски пазар“ АД Скопје, но за разлика од четвртокот, денешната трансакција беше со помала количина акции. Беа истргувани вкупно 125 акции по цена од 8.001,00 денари.

Акцијата на „Фершпед“ АД Скопје повторно се најде меѓу топ три акции по реализиран промет, и тоа со 150 истргувани акции по цена од 40.000,00 денари, при што вредноста на акцијата остана непроменета.

Вкупниот промет изнесуваше 25.798.699,31 денари реализиран преку 63 трансакции. МБИ10 ја зголеми својата вредност за 0,19 отсто и изнесуваше 1.799,47 поени, додека пак ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП