11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогата новогодишна програма на плоштад Македонија, за дочекот настап на Тамара и...

Богата новогодишна програма на плоштад Македонија, за дочекот настап на Тамара и Оливер Драгојевиќ

ng ognomet 353

Тамара Тодевска и Оливер Драгојевиќ ќе бидат главните ѕвезди за дочекот на Новата 2016-та година на плоштадот Македонија.

„Веќе сме на прагот на дочекот на 2016-та година, градот е накитен и се отворени штандови за граѓаните на плоштадот Филип Втори и Плоштад Македонија, односно е исполнет со новогодишна еуфорија во стилот на големите европски градови“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Според програмата, на 26-ти декември граѓаните на Скопје ќе ги забавуваат уличните музичари, на 27-ми декември ќе се одржи Дедомразовската трка во организација на Пивара-Скопје, на 31-ви декември во претпладневните часови ќе почне денската прослава, која е наменета за најмалите, во организација на Скопје Сити Мол, а вечерта забавната програма за новогодишната ноќ ќе почне  во 21:30 часот со настапот на ДЈ, а потоа ќе следуваат настапите на Тамара Тодевска, Оливер Драгоевиќ и повторно ќе настапи ДЈ.

„Се надевам дека Плоштадот Македонија ќе биде местото каде што граѓаните ќе се забавуваат и ќе уживаат и во програмата и во огнометот и затоа ги поканувам сите граѓани да дојдат и таму да ја прослават Новата 2016-та година“, истакна градоначалникот Трајановски.

„Како и изминатите години со задоволство учествуваме во подготвувањето на програмата за време на новогодишните празници и очекуваме граѓаните да уживаат во целовечерните концерти на познати музички ѕвезди“, рече Димитар Ковачевски, извршен директор на Област за комуникација во Македонски Телеком.

„Дедомразовската трка би сакале да претставува импулс за граѓаните што ќе се пријават да водат активен и избалансиран живот“, изјави Катерина Хаџи Андревска Ничевска, претставник од Пивара Скопје.

Мирјана Андонова од Сити Мол најави дека на 31-ви декември, точно напладне, граѓаните на Градот Скопје и оваа година заедно со своите најмили ќе имаат можност традиционално да го пречекаат Дедо Мраз, кој ќе пристигне на Плоштад Македонија придружуван од парада на маскоти, како и многу интересни моменти кои на децата ќе им предизвикаат радост, среќа и уживање.

Новогодишната програма годинава ќе почне со Дедомразовска трка, што ќе се одржи во недела на 27-ми декември, во центарот на Скопје.

Ова ќе биде второ издание на трката во која учесниците облечени во дедомразовски костуми ќе се натпреваруваат и ќе се забавуваат. Должината на патеката е само 1,5 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Патеката по која ќе се трча започнува од плоштадот Македонија кон портата Македонија, па во правец на Градската болница, новата зграда на МНР после мостот кај Холидеј Ин, па покрај кејот на Вардар кон Археолошкиот музеј, плоштадот Филип Втори, Камениот мост, до целта на Поштадот Македонија.

Детската програма на 31-ви декември ќе започне во 11:40 часот со театарска претстава „Волшебниот глас на Кралица Слаткица“, потоа следува пристигнувањето на Дедо Мраз заедно со парада на маскоти од цртаните филмови, а на крајот ќе можат да се чујат најпопуларните детски песни во изведба на Златните славејчиња.

Забавната програма за Новогодишната ноќ ќе почне во 21:30 часот со настапот на ДЈ, а потоа ќе следуваат настапите на Тамара Тодевска, Оливер Драгоевиќ и повторно ќе настапи  ДЈ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП