18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците сé уште чуваат милијарди германски марки

Германците сé уште чуваат милијарди германски марки

SS_pre-euro_currencies_deutsche_mark

Речиси четиринаесет години откако Германија влезе во зоната на примена на единствената европска валута, нејзините граѓани сé уште продолжуваат да чуваат милијарди во поранешната национална валута – марката.

Според последните податоци на Германската федерална банка (Bundesbank), граѓаните сé уште не промениле 12,9 милијарди марки во банкноти и кованици кои се повлечени од употреба. Курсот за замена на старата валута со новата беше востановен на 31-ви декември 1998 година, и оттогаш едно евро чини 1,95583 германски марки.

Замената може да се изврши без никаква провизија во која и да е филијала на Bundesbank. Во исклучителни случаи, финансиската институција може да ги добие банкнотите и монетите по пошта, и на ист начин да му ги врачи на испраќачот новите пари.

Од јануари до ноември 2015 година, во Германија биле изведени 176.000 трансакции, кога Германците ја менувале старата национална валута за еврото. Централната банка, така, во текот на оваа година продала 50,5 милиони евра, добивајќи од граѓаните 98,7 милиони марки.

Според истражувањето на јавното мнение, спроведено од институтот YouGov, старата германска валута ја чува секое второ германско домаќинство. Во прв ред, станува збор за колекционери и пензионери, кои од носталгија не сакаат да се разделат од марките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП