4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТунис ќе позајми 1,8 милијарди долари од ММФ

Тунис ќе позајми 1,8 милијарди долари од ММФ

tunis1

Владата на Тунис планира до мај со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), да потпише договор за кредит во вредност од 1,8 милијарди долари.

Делегацијата на ММФ во Тунис пристигнува на 8 април, а на крајот на месецот постои уште една рунда на преговори во Вашингтон, изјави министерот за финансии Илиес Факфак. Според него, двете страни се согласни за околу 95 проценти.

Според оценката на владата од Тунис, бруто домашниот производ (БДП) на земјата оваа година ќе се зголеми за четири проценти, од 3,6 проценти кои беа забележани минатата година.

Буџетскиот дефицит, како што се проценува, ќе се зголеми од 5,1 на 5,9 проценти од БДП, бидејќи власта предвидува поголеми инвестиции во развојот на заостанатите внатрешни области, со цел да се создадат нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП