27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2016 година Мисајловски ќе реализира повеќе од 200 проекти

Во 2016 година Мисајловски ќе реализира повеќе од 200 проекти

misajlovski

Пет нови експресни патишта ќе се градат во 2016 година и ќе се реконструираат шест регионални патни правци, а во отчетот на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски спомна и најави уште 200 проекти, некои почнати, а некои кои се планирани за следната година.

Според министерот, 2015 година била најуспешна година на Министерството за транспорт и врски, која ќе биде запаметена по најголем број на инвестиции во транспортот во историјата на независна Македонија.

Мисајловски рече дека во делот на патната инфраструктура активно се работело на околу 400 километри патна мрежа, на изградба на три нови автопати, а воедно се реконструирале и уште две автопатски делници во вкупна должина од 165 километри или инвестиција од околу 800 милиони евра.

„Со засилено темпо работевме на изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица, во должина од 28 километри и инвестиција од 210 милиони евра. Очекуваме овој автопат да го завршиме на крајот на следната година. Вториот автопат од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција до сега, изградбата чини 374 милиони евра. До крајот на оваа година завршени се 14 %од градежните работи. Интензивно продолживме со изградба и на автопатот од Скопје до Штип во должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра“,рече Мисајловски.

Во соработка со Делегацијата на Европската Унија, оваа година завршена е реконструкцијата на автопатската делница од Велес до Катланово со должина од 23 километри и инвестиција од 6,6, милиони евра.

Само пред неколку денови започна реконструкцијата на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри и инвестиција од 4,2 милиони евра. Во завршна фаза е отпочнувањето на реконструкција на делницата од Скопје до Куманово, инвестиција од 16 милиони евра.

Во 2015 година започна реконструкција на следниве регионалните патишта: Битола Ресен Буково, Ново Село до Маврово, од Мокрино до Смолари , од Нов Дојран до Николиќ, Тетово- Брвеница – Гостивар, од Бошков мост до Дебар, од Делчево до Голак, Мелнички мост до Центра Жупа и Кривогаштани до Воѓани.

„Следната година ќе продолжиме со уште позасилено темпо бидејќи ќе започнеме изградба на 5 експресни патишта а воедно ќе започнеме со рехабилитација на уште 6 регионални патишта, што значи дека следната година активно ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и 7 автопати со вкупна должина од околу 600 километри“, рече министерот.

Во делот на локалната мрежа во 2015 година завршена е со изградба и реконструкција на 48 локални патишта со вкупна должина од околу 60 километри.

Година ќе остане запаметена како историска и по пристигнувањето на првиот од шестте нови патнички возови, инвестиција од 25 милиони евра. Останатите пет возови ќе пристигнат првата половина на 2016 година.

„Правиме анализи следната година да набавиме дополнително нови патнички возови со што целосно ќе го обновиме возниот парк на железница. Исто така изминатата година набавивме и нови 150 товарни вагони, а во континуитет продолжи мерката за бесплатно патување за студенти, млади до 27 години и пензионери“, додаде Мисјаловски.

Изминатата година започна изградба на пругата од Битола до Грција, а водено продолжи и рехабилитацијата на пругата на Коридор 10.

Во 2015 година се воспоставија пет нови дестинации од скопскиот аеродром и две нови од охридскиот аеродром.

„Ја постигнавме посакуваната рекордна бројка од 1,5 милиони патници што поминаа низ двата аеродроми. Очекуваме следната година таа бројка да биде уште поголема бидејќи од напролет најавени се линии кон нови 4 европски дестинации“, објави Мисајловски.

Во соработка со АД за станбен простор беа изградени три згради за социјално ранливите категории на граѓани во Прилеп, Ресен и Демир Хисар со вкупно 119 станови. За истите веќе се распишани постапки и се очекува во првиот квартал од 2016 година да бидат доделени становите. Исто така Акционерското друштво започна со изградба на уште една социјална зграда во Македонски брод.

Продолжува изградбата на канализациониот систем за Сончев град и дополнително се работи на уште десетина проекти во комуналната инфраструктура.

„Она што сакам да потенцирам е дека ги продолживме роковите за легализација на дивоизградените објекти. Со законски измени овозможивме да се доставуваат нови барања дo 31 март 2016 година а геодетските елаборати да се доставуваат до крајот на 2017 година“, рече Мисајловски

Во туристичките места започна изградба на плажи и пешачки патеки за да се подигне квалитетот на туризмот.

Во делот на градежништвото поднесени се 259 барања за отуѓување на државно земјиште. Донесен е нов закон за градежно земјиште со важност од 1. 8. 2016 година, наброја министерот Мисајловски во својот отчет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП