4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите инвестираат во Јамајка

Кинезите инвестираат во Јамајка

јамајка

Кина со изградба на автопат на Јамајка во вредност од 600 милиони долари започна големи инвестиции во карипската држава, пишува во петокот лондонски The Guardian.

Автопатот со четири ленти од 67 километри преку северниот дел на Јамајка ќе го скрати патувањето од Кингстон до туристичкото место Очо Риос од два часа на 50 минути.

Патот треба да биде завршен на почетокот на наредната година, а Кина за инвестиција од 600 милиони долари доби земјиште покрај патот за изградба на три луксузни хотели со капацитет од 4.200 лица.

Тоа е до сега најголемата кинеска инвестиција на Јамајка, но не за долго, бидејќи Кинезите најавуваат големи пристаништа за 1,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП