21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 8,5 милиони евра е буџетот на Општина Илинден за 2016

Околу 8,5 милиони евра е буџетот на Општина Илинден за 2016

ilinden 335

Советот на Општина Илинден го донесе Буџетот на Општината за 2016 година што изнесува 518.683.000,00 денари, или околу 8,5 милиони евра.

При донесувањето на буџетот применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставувањето на приоритетите на локалната заедница.

Посебен акцент во буџетот за 2016 година е ставен на капиталните расходи кои заземаат 63 % од планираните средства во основниот буџет, од што се гледа развојната компонента на истиот.

Голем дел од капиталните расходи во износ од 146 милиони денари се планирани за подобрување на локалната патна инфраструктура-изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони, одржување на постојната патна инфраструктура и изградба на сообраќајни и пешачки мостови.

Меѓу покрупните проекти опфатени во Буџетот за реализација во следната година е продолжувањето со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање, третман и одведување на отпадните води со пречистителни станици.

Значителен дел од средствата во Буџетот наменети се за зафаќање и одведување на атмосферските води, со што чистењето, нивелирањето и одржувањето на отворените одводни канали останува еден од приоритетите на Општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП