3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas не се радува на 2016-та како резултат на силниот долар

Adidas не се радува на 2016-та како резултат на силниот долар

adidas-store

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ очекува трошоците на компанијата значително да пораснат во наредната година, како резултат на силниот долар.

„Поради негативниот развој на состојбата на план на девизниот курс, нашите трошоци ќе пораснат за 500 милиони евра во наредната година“, изјави финансискиот директор на „Adidas“, Робин Стокер.

Стокер рече дека ова не е прв пат „Adidas“ да е соочен со растечките трошоци за прозводство поради девизниот ефект или поголемата цена на суровините.

„Веќе реагиравме брзо, преку намалување на нашиот спектар на производи или подигнување на цената. Од таа причина овој пат сме уверени дека ќе бидеме во состојба да ги компензираме ефектите кои силниот долар ќе го има на ниво на бруто маржата“, вели Стокер.

Силниот долар претставува голем проблем за компанија како што е „Adidas“, кои произведуваат во Азија и ги плаќаат трошоците во американски долари.

Американската валута во последно време зајакна во однос на еврото и другите валути, поради различните ставови на „Fed“ и „ECB“ за монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП