Турските интернет сервери од понеделникот се мета на голем кибернетички, кој значително ги забави банкарските услуги, објави во петокот извор близок до турската влада.
Невладината организација Nic.tr, која е задолжена за управување со адреси на интернет страници кои користат домени “.tr”, а ги вклучува и министерствата, војската, банките и бројни комерцијални страници соопшти дека офанзивата произлегува од „организирани извори“ надвор од Турција.
Министерот за транспорт и комуникации Бинали Јилдирим рече дека состојбата е „загрижувачка“ и побара да се зајакнат мерките на безбедност кои по нему се покажале за „недоволни“.
Одредени турски медиуми мислат дека нападот би можел да доаѓа од Русија, со оглед дека Москва и Анкара минуваат низ тешка дипломатска криза откако рускиот бомбардер беше урнат од турски ловец на сириската граница на 24 ноември.
Турскиот печат наведува и дека групата за информатичко пиратство Anonymous покрена војна против Турција и најави дека ќе продолжи со напади врз информатичките системи поради „турската поддршка за Исламската држава“.