14 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Производството 4 години во опаѓање

Грција: Производството 4 години во опаѓање

grcija4

Грчкиот производствен сектор повторно опадна во март, 43-ти месец по ред, пренесува агенцијата РТТ Њуз.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за производствениот сектор на компаниите, во март е намален на 42,1 поен, од 43 поени кои беа забележани во февруари. Индексот останува под 50 поени, што е граница помеѓу падот и растот, повеќе од три ипол години.

Производството во март е намалено повеќе отколку што се очекуваше и со посилно темпо отколку во февруари. Причината за намалување беше намалувањето на продукцијата на полупроизводи како и капитална стока.

Значително е намалена и побарувачката, при што беше забрзан нејзиниот пад. Причината за тоа е пад на побарувачката на домашниот и странскиот пазар.

Во склад со забавувањето на активностите, компаниите го намалија и бројот на вработените. Невработеноста во оваа земја бележи рекорди во нејзината историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП