24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет години цената на биткоинот зголемена за 900%

За пет години цената на биткоинот зголемена за 900%

bitcoin 335

Цената на биткоинот ја надмина прогнозата на аналитичарите кои на почетокот на 2015-та година предвидуваа максимум од 400 долари.

Mеѓутоа, цената на дигиталната валута со текот на годината се зголеми повеќе од двојно.

Во текот на 12-те месеци од оваа година вредноста на биткоинот порасна од 200 долари на почетокот на 2015-та, на 443 на крајот на годината.

Според истражувањето на „Adamant investments“, цената на виртуелната валута од почетокот на тргувањето во 2010-та е зголемена за 900 отсто.

Експертите не се сомневаат дека цената ќе продолжи да расте и во 2016-та, меѓутоа, мислењата се разликуваат во тоа за колку вредноста на оваа валута ќе забележи раст.

Анкетата која ја спроведе „CoinDesk“ покажува дека 37% од испитаниците сметаа дека цената на биткоинот ќе се движи внатре во границата 500-1000 долари, додека 26 отсто од нив сметаат дека со зголемената побарувачка на оваа валута, цената ќе порасне на 1000 долари.

Од друга страна, Мајкл Соненшајн, директор за продажба во „Grayscale Investments“, несака да прогнозира, како што вели тој, доколку се погледне графиконот на цената на биткоинот, може да се забележи и серија на неизменични подеми и падови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП