17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на „Скопски пазар“ АД Скопје и „Комерцијална банка“ АД Скопје најзаслужни...

Акциите на „Скопски пазар“ АД Скопје и „Комерцијална банка“ АД Скопје најзаслужни за прометот на Македонската берза

makedonska-berza-berzi-zvonce

На Македонската берза за хартии од вредност во четвртокот беа реализирани три блок трансакции со акцијата на „Скопски Пазар“ АД Скопје преку кои беа истргувани вкупно 1.228 акции по цена од 8.000,00 денари.

На редовниот пазар беа реализирани уште три акции по цена од 8.244,00 денари. Вкупниот промет со оваа акција денес изнесуваше 9.848.732,00 денари, со што акцијата се позиционираше на прво место по реализиран промет.

Во класичното тргување акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје повторно беше најбарана од инвеститорите, односно беше реализирана поголема количина од дневната просечна количина на истргувани акции (4.010 акции) по просечна цена од 2.250 денари. Вредноста на акцијата остана непроменета.

Акцијата на „Фершпед“ АД Скопје, исто така, се најде меѓу „милионерите“ по реализиран промет и тоа преку 48 истргувани акции по цена од 40.000,00 денари. Вкупно промет изнесуваше 25.815.602,39 денари реализиран преку 40 трансакции.

МБИ10 порасна за 0,13 отсто и изнесуваше 1.796,11 поени, додека пак ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП