25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Индија договараат спогодби вредни 150 милијарди долари

Русија и Индија договараат спогодби вредни 150 милијарди долари

modi putin 334

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, кој е во дводневна посета на Русија, најави обемна развојна програма за индискиот одбранбен сектор во вредност од 150 милијарди долари.

Моди во Москва имаше разговори со претседателот на Русија Владимир Путин, како и со директори на повеќе компании, а го посети и московскиот експо центар.

Двајцата лидери разговараа синоќа во „четири очи“ за време на вечерата зад затворени врати, само во присуство на преведувачите, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Моди на својот Твитер профил напиша дека разговорот бил фокусиран на индиско-руските односи и дека бил плоден.

Според Раша тудеј , Москва и Њу Делхи планираат потпишување на низа договори во секторот на нуклеарната енергетика. Индија минатата недела даде зелено светло за купување на рускиот против-авионски ракетен систем С-400, што е најголем воен договор меѓу двете држави во последната деценија.

Се очекува да биде потпишана спогодба за 200 лесни хеликоптери „Ка-226Т”, а можен е и договор за изнајмување на руски нуклеарни подморници, како и купување на три воени брода.

Се прогнозира дека трговската размена помеѓу двете држави во наредната деценија ќе порасне на 30 од 11 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП